Италијански новинар: Западните медиуми не можат објективно да известуваат за кризата во Украина

Системот на американско диктирање не им дозволува на западните медиуми објективно да известуваат за кризата во Украина и тоа создава погрешно јавно мислење, изјави познатиот италијански новинар Џулието Киеза.

Системот на американско диктирање не им дозволува на западните медиуми објективно да известуваат за кризата во Украина и тоа создава погрешно јавно мислење, изјави познатиот италијански новинар Џулието Киеза.

„Сега на Западот нема воопшто слобода на информирање. Во светските медиуми триумфира системот на американскиот диктат. Постои само едно мислење. Тоа е вистинска цензура“, изјави Киеза, а пренесува ИТАР-ТАСС.

Тој ги поткрепи своите зборови со фактот дека италијанските медиуми не ја пренеле информацијата за телефонскиот разговор на Викторија Нуланд, помошник на државниот секретар на САД, која спомна дек а „5 милијарди долари се инвестирани во Украина“, како што не го пренеле ниту разговорот на Кетрин Ештон со министерот за надворешни работи на Естонија, Урмас Пает.

Киеза е убеден дека „Америка долго и темелно го подготвувала превратот во Украина“. „Како поинаку да се сфатат 5-те милијарди долари од зборовите на Нуланд?“, изјави новинарот, кој деновиве ќе допатува на Крим. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња