Украина од 1 април ќе го изгуби попустот за рускиот гас

Украина од 1 април ќе го изгуби попустот за рускиот гас, пренесува „Газета.ру“. Ова го изјави директорот на компанијата, Алексеј Милер за време на состанокот со премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

Украина од 1 април ќе го изгуби попустот за рускиот гас, пренесува „Газета.ру“. Ова го изјави директорот на компанијата, Алексеј Милер за време на состанокот со премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

„Во такви услови, кога Украина не ги исполнува своите обврски, не го исполнува договорот постигнат за време на потпишувањето на анекс договорот за одобрување на попустот, “Гаспром“ донесе одлука да се укине попустот за рускиот гас, почнувајќи од следниот месец“, изјави Милер.

„Гаспром“, притоа, предлага на Украина да ѝ се одобрат 2-3 милијарди долари за отплата на долгот за гас. Владимир Путин претходно на конференцијата за печатот изјави дека можното укинување на попустот за гасот кој го добива Украина нема врска со политиката.

Цената на гасот за Украина беше намалена за една третина, од 421 долар на 268,5 долари за илјада метри кубни. Според условите од договорот, „Гаспром“ цената ја одредува квартално. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња