САД ја прекинаа воената соработка со Русија

САД ја прекинаа соработката со руската војска, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на Пентагон. Како што појаснуваат во Пентагон, причина за тоа е ситуацијата во Украина. Се забележува дека тоа решение се однесува на воени вежби, двостраните преговори, посетите во пристаништата, како и планираните заеднички конференции.

„Ја повикуваме Русија да ја смири ситуацијата во Украина, а ја повикуваме и руската армија во Крим да се врати во своите бази, според решенијата со кои се регулира престојот на Црноморската флота“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Претходно постојаниот претставник на Русија во ООН, Виталиј Чуркин, изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, сѐ уште не донел решение за користење на војската во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.