Ако сево ова што се случува во Украина не се смета како преврат, туку како револуција, тоа значи дека таму се создава нова држава со која Русија не потпишала никаков документ, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Кога укажуваме на фактот дека во прашање е противуставен преврат, нам ни кажуваат дека тоа не е противуставен преврат, тоа не е оружена узурпација на власта, тоа е револуција“, истакна Путин.
„Ако е во прашање револуција, што тоа тогаш значи? Тешко ми е да не се сложам со некои наши експерти кои сметаат дека на таа територија се создава нова држава. Баш како после крахот на Руската Империја после револуцијата во 1917 година. Но Русија не потпишала никаков обврзувачки документ со таа нова држава“, додаде претседателот на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче