Чуркин: Русија апелира ситуацијата во Украина да се врати во рамките на договорот со Јанукович

Русија апелира ситуацијата во Украина да се врати во рамките на утврдениот договор меѓу Јанукович и опозицијата од 21 февруари, изјави постојаниот претставник на Русија во ООН, Виталиј Чуркин на заседанието на Советот за Безбедност во ООН, пренесува РИА „Новости“.

„Ситуацијата треба да се врати на политичкиот пат, во уставните рамки. Треба да се врати кон договорот од 21 февруари, да се создаде влада на национално единство и да се прекине со обидите со противниците, политички или етнички, да се разговара со јазикот на силата“, изјави Чуркин.

Според неговите зборови, исто така, потребно е да се „стегнат радикалите“ и да им се препорача на украинските опозициски активисти да се оградат од нив. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња