Јанукович: Русија треба да дејствува

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович, на конференцијата за новинарите во Ростов на Дон изјави дека е зачуден поради молчењето на претседателот на Русија, Владимир Путин, и дека Русија треба да се вмеша во случувањата на Украина.

„Сметам дека Русија треба да дејствува. Знаејќи го карактерот на Путин, се чудам зошто тој сѐ уште молчи“, изјави Јанукович.

„Русија не може да биде рамнодушна кон судбината на Украина“, изјави тој. „Русија треба да ги искористи сите можности за да се спречи хаосот и теророт во Украина“.

Јанукович е „категорично против воената интервенција во Украина и загрозувањето на територијалната целосност на земјата.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња