Русија е подготвена да ја издвои следната транша од финансиската помош за Украина, т.е. уште две милијарди долари, но се чека на разјаснување на ситуацијата околу составот на владата и нејзината програма, изјави министерот за економски развој на Русија, Алексеј Уљукаев.
„Околу две милијарди долари веќе се подготвени за следната рата. Не знаеме кој е нашиот партнер, но знаеме дека која е владата и која е нејзината програма“, изјави министерот за новинарите.
Според неговите зборови, руските власти зедоа пауза за да ги следат случувањата во Украина. Ако забележиме негативен развој, ние ќе ги заштитиме нашите интереси, изјави министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче