На официјалната интернет-страница „Украински национален сојуз“ објавено е соопштението до политичкиот совет на украинската радикална организација „Десен сектор“, упатено до „граѓаните на Русија и Украина чиј мајчин јазик е рускиот“. Во соопштението се наведува дека антинародниот режим вложува значајни напори за да го оцрни „Десен сектор“ и целта на револуционерното движење.
„Поради тоа, официјално се обраќаме до граѓаните на Русија и граѓаните на Украина, чиј мајчин јазик е рускиот, како и н апретставниците на различни национални малцинства, кои ги уверуваме дека украинскиот национализам не е идеологија на омраза кон рускиот народ. Нашиот непријател не е рускиот народ, туку империјалистичка Москва“, се наведува во соопштението.
„Десен сектор“, притоа, истакнува дека дерусификацијата на Украина е сосема оправдана и неопходна појава. „Поимот дерусификација значи дека етничките Украинци ќе го вратат својот јазик, историја и идентитет. Ние истовремено го штитиме правото на сите национални малцинства (меѓу кои и Русите) за зачувување на сопствениот идентитет и култура.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче