Америка сака заедно со Русија да ѝ помогне на Украина

Америка се надева дека Русија ќе ги поддржи напорите за намалување на напрегнатата ситуација во Украина, изјави во средата за новинарите заменикот помошник на претседателот на САД за национална безбедност, Бед Родс.

Родс за случувањата во Киев изјави дека се неприфатливи. САД сметаат дека властите мораат да ги повлечат од улиците милициските единици и да започнат дијалог со опозицијата. Родс исто така изјави дека претседателот Барак Обама внимателно ги следи случувањата во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.