Украина веќе се развива како федерација, имајќи предвид дека во низа области се формирани алтернативни органи на власта, смета советникот во амбасадата на Русија во Киев, Андреј Воробјов.
„Сѐ уште не е јасно дали Уставот формално тоа ќе го признае, или Украина и понатаму формално ќе биде унитарна држава, но таа веќе неформално е федерација“, ги пренесува „Интерфакс“ зборовите на Воробјов.
Комунистичката партија на Украина и Партијата на регионите веќе предлагаа реформа на државата во федерација, а слични идеи се изнесени и на регионално ниво.
Воробјов веќе е повикан на разговор во Министерството за надворешни работи на Украина поради, како што се наведува, недозволивите процени, со кои се става под сомнеж државното уредување на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче