Раст на уделот на Русија, Украина и Казахстан во светскиот извоз на житарки

Комитетот за житарки, создаден од Русија, Украина и Казахстан ќе овозможи уделот на овие земји во светскиот извоз на житарки да порасне од сегашните 20 на 30%.

Комитетот за житарки, создаден од Русија, Украина и Казахстан ќе овозможи уделот на овие земји во светскиот извоз на житарки да порасне од сегашните 20 на 30%, изјави министерот за земјоделство на Русија, Николај Фјодоров на конференцијата за печатот во Берлин.

„Овој проект претставува создавање на нов институт на светскиот пазар за координирање, информација и предвидување на ситуацијата на пазарот на житарки“, изјави Фјодоров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња