Украина во 2014 година ќе заштеди 3 милијарди долари од намалената цена на рускиот гас, изјави вице-премиерот на Украина, Јуриј Бојко. Неговите зборови ги пренесува РИА Новости.
Претходно украинскиот министер за енергетика, Едуард Ставицки процени дека Украина ќе заштедува дури 7 милијарди долари годишно.
Во декември годинава „Нефтогас“ се договори со „Гаспром“ за намалување на цената на гасот за Украина до 268,5 долари за илјада кубни метри гас. Претходно Украина плаќаше 400 долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче