Украинските олигарси можат да станат цел на притисок од страна на Европа. Треба само да се загрозат нивните бизнис интереси во Стариот Свет. Со оваа изјава европарламентарецот од владејачката партија во Германија излезе пред Европскиот парламент. Официјално вакво нешто е невозможно да се направи, тврдат експертите, но неформален притисок веќе постои.
„Има уште едно интересно нешто - многумина од оние кои сега се против потпишувањето на договорот за асоцијација со ЕУ, во реалноста имаат многу добар и активен бизнис во Европа“, изјави на брифингот во Киев Михаел Галер, парламентарец во Европскиот парламент. Тој смета дека таквите луѓе треба да се убедат да се однесуваат поинаку, и тоа не со разговори, туку со истрага за нивната дејност.
„На пример, можеме да започнеме на Кипар, а потоа да преминеме во Австрија, Германија, Велика Британија, а и кај нашите соседи - во Швајцарија, и тогаш тоа сигурно ќе предизвика одредени резултати“, изјави Галер. Интересно е тоа што самиот Галер ги смета овие методи за „демократски“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче