Пратеникот од владејачката Партија на регионите во Украина, Олег Царев, издејствуваше на поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили да му се забрани влез во Украина, пренесува информативниот портал Лента.Ру.
Оваа одлука е резултат на бројните антируски изјави на Саакашвили, според кои тој смета дека „победата на укаринскиот ’Евромајдан’ ќе стави крај на рускиот империјализам“.
„Нема што да прави овде Саакашвили, нека оди во Грузија па нека му се обраќа на грузискиот народ. Тој овде дојде со својот тип кој ја организираше ’Револуцијата на розите’. Сите тие беа модератори на револуцијата која се обиде да ја организира украинската опозиција“, изјави Царев.
Опозицијата смета дека оваа забрана може да има „сериозни меѓународни последици“, наведува Лента.Ру.
Во Русија поранешниот грузиски претседател е прогласен за персона нон грата уште во 2010 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче