Медиуми: Русија заслужува втора шанса

Веста за помилувањето на Михаил Ходорковски, амнестијата за 20.000 затвореници во Русија и економското спасување на Украина не се само едновремена мерка за омекнување на имиџот на Русија пред Олимпијадата во Сочи, туку и дел од заедничките напори насочени кон подобрување на претставите за Русија дома, но и во странство, пишува The Huffington Post.

Изданието забележува дека потребат на Русија од подобрување на својот имиџ се основа на неколку фактори, меѓу кои се наоѓаат и економските показатели, потребите од странски инвестиции, незапирливото зголемување на трговијата, потсетување на мудроста и ефективноста, а исто така и поддршка на меѓународната дипломатија (посебно околу ситуацијата во Сирија).

Додека претседателот Путин и неговиот претседателски апарат работат на промена на имиџот, тие треба да признаат дека сите дејствија досега се однесувале на влијание врз перцепцијата, додека претставите за една држава најчесто се создаваат преку нејзиното однесување кое се практикува во самата држава. Во услови на отсуство на владеење на законот во Русија, демократските принципи, толеранцијата - Русија и понатаму ќе ја гледаат со недоверба и со сомнеж, се кажува во статијата на весникот.

Фактот дека овие добри дела се реализираа благодарение на претседателските  укази не ги прави нив помалку значајни или важни. Русија и нејзиниот претседател заслужуваат втора шанса, забележува авторот, додавајќи дека сѐ ќе зависи од тоа што ќе се случува во иднина.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.