Украина ќе го намали увозот на гас од Русија за 10%

Заменикот-премиер на Украина, Јуриј Бојко изјави дека во 2014 година увозот на гас од Русија ќе биде намален за 10%, пренесува ИТАР-ТАСС.

Заменикот-премиер на Украина, Јуриј Бојко изјави дека во 2014 година увозот на гас од Русија ќе биде намален за 10%, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Нема информација дека ќе го зголемиме увозот на гас. И не само тоа, следната година ќе го намалиме увозот за 10% - тоа ќе го компензираме со гасот од сопствено производство“, изјави Бојко.

Тој забележа дека Украина планира намалување на увозот на гас од Русија за 25% во следните три години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња