Јанукович: Украина ќе добие од Русија 15 милијарди долари со 5% камата

Сите услови за финансиската поддршка за украинската држава се договорени и се ставени во договорот, никакви дополнителни договори зад затворена врата не се направени, ги пренесува РИА Новости изјавите на украинскиот претседател Виктор Јанукович.

„Ние никогаш не сме заложувале никаков имот“, изјави Јанукович, одговарајќи дали Киев ветил имот и услуги на Русија.

„Кредитот кој го зедовме, безусловно, е користен  за нас. Никакви услови за него Русија не постави. Каматата изнесува 5%, и тоа нас нѐ задоволува“, изјави Јанукович.

Русија и Украина претходно постигнаа договор за купување на еврообврзници во вредност од 15 милијарди долари од рускиот Фонд за национална благосостојба. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња