После непотпишувањето на договорот за асоцијација со ЕУ од страна на Украина, Русија стана подарежлива: ќе ѝ даде кредит на Украина преку еврообврзници во висина од 15 милијарди долари, како и попуст за цената на гасот. Тоа се заклучоците од преговорите меѓу претседателите на Украина и Русија, Виктор Јанукович и Владимир Путин.
Посетата на Јанукович во вторникот беше поделена на три дела: почеток - разговор со претседателот Путин пред новинарите и зад затворена врата. Второ - состанок на руско-украинската меѓудржавна комисија, и на крај - потпишување на документите за соработка и давање изјави пред медиумите.
Темата на интеграцијата на Украина со Царинската унија во јавниот дел од дневната агенда не беше објавена - страните се ограничија само на прашања од билатералната соработка. Било посветено посебно внимание да се држат преговорите зад затворени врати за да се намали емоционалната позадина која ги следи преговорите на претседателите на двете држави. Очигледно е дека исходот на преговорите и изјавата на Јанукович пред медиумите ќе даде нов повод за протести на украинската опозиција. Опозицијата се плаши дека зад затворените врати Јанукович и Путин договарале агенда која ќе ја лиши Украина од шансите за евроинтеграција.
Во 2012 година трговската размена меѓу двете држави се намали за 10,8% (во споредба со 2011) до 45 милијарди долари. Во оваа година падот продолжи за дополнителни 15,2%. Јанукович посакал и покажал готовност да се прекине таа тенденција и да се засили соработката со Русија во рамките на зоната за слободна трговија и со ЗНД. На тоа завршил официјалниот дел од разговорите. За главната цел на посетата на Јанукович во Москва не бил кажан ниту еден збор, меѓутоа покасно било обелоденето дека претседателите разговараат за намалување на цената на гасот за Украина за 1,5 пат, како и кредит за Украина во висина од 15 милијарди долари.
Вреди да се напомни дека изјавата на Путин околу намалувањето на цената на гасот е „привремена“, што повеќето аналитичари го протолкуваа како мерка на Москва да ја заузди Украина доколку таа покаже желба да ги продолжи евроинтеграциите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче