Саакашвили го спореди Путин со киднапер на авион

Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили ја спореди Украина со авион кој рускиот претседател Владимир Путин го киднапирал, пренесува Лента.ру, повикувајќи се на коментарот на Саакашвили на Фејсбук.

„Ситуацијата во Украина ме потсетува на голем авион во кој на патниците им е соопштено дека наскоро ќе слетаат, но неколку минути пред слетувањето терористи го киднапираат авионот и бараат од капетанот да го промени правецот“, пишува Саакашвили.

Тој прецизира дека под „киднапер“, тој го има предвид Владимир Путин, и дека „киднапираните патници требало да пружат отпор“.

Саакашвили на почетокот на декември лично допатува во Киев. Тој во Киев допатува како член на грузиската делегација која ги поддржа учесниците на „Евромајдан“. Поранешниот претседател на Грузија во текот на посетата повеќепати ја критикуваше Путиновата политика, тврдејќи дека сака да ја „киднапира“ Украина, да ја оддалечи од Европа, а потоа да ги уценува локалните политичари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.