Левичев: зачудува посетата на американските сенатори кај Јанукович

Заменикот претседател на Државната Дума, Николај Левич, смета дека е чудно решението на претседателот на Украина, Виктор Јанукович да се сретне со сенаторите Џон Мекејн и Кристофер Марфи од САД.

Заменикот претседател на Државната Дума, Николај Левич, смета дека е чудно решението на претседателот на Украина, Виктор Јанукович да се сретне со сенаторите Џон Мекејн и Кристофер Марфи од САД.

„Како и да е, очигледно е дека ваквите дејства нема да донесат во земјата стабилност“, изјави Левичев за новинарите во понеделникот.

Тој смета дека изјавите на Мекејн и Марфи околу ситуацијата во Украина, за нивното присуство на несанкционираниот митинг во Киев, како и за јавната закана за воведување санкции кон земјата - „се јавно мешање во внатрешните работи на суверена држава.“

Според зборовите на Левичев, во последните неколку недели се слушнаа неколку неосновани изјави од страна на политичарите во САД и ЕУ, кои ја обвинуваат Русија за притисок врз Украина. „Притоа, Украина е за наш сосед со кој нѐ поврзува многу - историјата, заедничката култура, религијата. Сосема е нормално Москва внимателно да ја следи ситуацијата во таа држава, но и притоа, ја почитува секоја нејзина одлука“, изјави Левичев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња