Русија не вршела притисок врз Украина, а последните изјави на шефот на државата, Владимир Путин, сведочат за тоа дека Русија е подготвена да соработува со Украина за редица прашања, дури и ако Киев тргне по патот на евроинтеграциите, сметаат политиколозите.
Во обраќањето пред Федералното Собрание во четвртокот Путин изјави дека Русија ќе го промовира Евроазискиот интеграциски проект, не спротивставувајќи го истиот на евроинтеграциите. Шефот на државата соопшти дека работата на Русија и Украина врз заедничките проекти во рамките на Царинската унија може да биде продолжена на експертско ниво доколку Киев изрази таква желба.
Според мислењето на политикологот Павел Свјатенков, спротивставувањето на евроинтеграциите преку евроазискиот проект нема никаква основа. Ако Украина го потпише договорот за асоцијација со ЕУ, што е доста веројатно – тогаш освен Белорусија, други учесници во Евроазиската унија нема да има.
„Зборовите на Путин означуваат дека Русија е подготвена да се задоволи и со малку, и за тоа дека е подготвена да соработува со Украина во рамките на некои проекти во Царинската унија, бидејќи смета дека потпишувањето на договор со Царинската унија од страна на оваа земја е нереално“, изјави Свјатенков за РИА Новости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче