Лавров: Русија не се меша во ситуацијата во Украина

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва нема намера да се меша во политичките случувања во соседна Украина и дека другите земји треба исто така да се држат настрана од внатрешните превирања во оваа земја, пренесува РИА Новости.

„Сметаме на тоа дека украинските политичари ќе успеат да пронајдат начин ситуацијата да ја вратат во уставните рамки. Ние се залагаме за тоа и апелираме на сите да не се мешаат во оваа ситуација“, изјави Лавров.

Демонстрациите во Киев истовремено стануваат сѐ помасовни. Тие започнаа кон крајот на минатиот месец, кога претседателот на Украина, Виктор Јанукович одлучи да не го потпишува договорот за асоцијација со ЕУ, изјавувајќи дека неговата земја треба да работи на јакнење на врските со Русија.

Украинската опозиција во вторникот не успеа да издејствува оставка на Владата. Парламентот не изгласа недоверба на Владата. Предлогот го поддржаа 186 пратеници, меѓу кои најмногу претставници на опозицијата, што значи дека недостасувале само 40 гласови за да биде усвоена недовербата на владата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња