Украина до последен момент очекувала компензација од ЕУ за губењето на пазарот на Царинската унија

Украина до последен момент се надевала дека од Европа ќе добие компензации за загубите кои би ги претрпела поради заштитните мерки од Русија и другите страни на Царинската унија после планираното потпишување на договорот за асоцијација, изјави украинскиот премиер Николај Азаров.

Премиерот на Украина спомна за изјавата на Русија, дека во случај да се потпише договорот меѓу Украина и ЕУ за асоцијација, Русија ќе мора да си го заштити својот пазар.

„Нормално, ние побаравме за тоа соодветна компензација. До последен момент се надевавме дека ќе ја добиеме“, изјави Азаров.

Според зборовите на премиерот, владата на Украина се судрила со дилема - да направи ли пауза околу решението на прашањата за компензирање, или да го потпише договорот со Европа без никакви компензации во случај на заштитни мерки од страна на државите од Царинската унија. „Ние не можевме да преземеме врз себе таква одговорност. Затоа и решивме да направиме пауза“, изјави Азаров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња