Москва ја поздравува одлуката на Украина да ја развива соработката со Русија

Москва ја поздравува одлуката на Украина да ја развива соработката со Русија и другите земји од ЗНД, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Москва ја поздравува одлуката на Украина да ја развива соработката со Русија и другите земји од ЗНД, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Ја поздравуваме желбата да се подобруваат и развиваат трговско-економските контакти со Украина“, изјави Песков.

Украинската влада одлучи да ги запре подготовките за потпишување на договорот за приклучување кон Европската унија, образложувајќи го своето решение со потребата да се развиваат економските односи со Русија и земјите од ЗНД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.