Европската унија е разочарана од решението на Украина да ја запре подготовката за склучување на договорот за асоцијација со ЕУ, изјави шефот на европската дипломатија, Кетрин Ештон.
„Ова е разочарување не само за ЕУ, туку, сметаме, и за украинскиот народ“, се кажува во коминикето.
„Потпишувањето на најамбициозниот договор кој ЕУ некогаш го предлагал вон територијата на ЕУ, требаше во иднина да го зацврсти курсот на реформите на Украина и да им даде знак на инвеститорите од целиот свет, како и на меѓународните финансиски институти, дека Украина сериозно пристапува кон модернизација и станува претскажлив и сигурен соработник за меѓународните пазари“, изјави Ештон.
Украина реши да го прекине процесот на асоцијација кон ЕУ, насочувајќи ги своите приоритети кон односите со Русија и ЗНД, како и Царинската унија во која учествуваат Русија, Белорусија и Казахстан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче