„Гаспром“ се согласи да ги продолжи роковите за отплата на долгот на „Нефтогас Украина“

Украинската компанија „Нефтогас“ призна дека во октомври купила 1,4 милијарди кубни метри руски гас, така што сега долгот на Киев кон „Гаспром“ достигна цели 1,3 милијарди долари.

Украинската компанија „Нефтогас“ призна дека во октомври купила 1,4 милијарди кубни метри руски гас, така што сега долгот на Киев кон „Гаспром“ достигна цели 1,3 милијарди долари.

Според зборовите на министерот за енергетика на Украина, Едуард Ставицки, „Нефтогас“ не планира да го зголемува овој долг, и во текот на годинава повеќе нема да купува руски гас, туку ќе користи гориво од подземните резервоари.

Ваквиот став на Украина не одговара на „Гаспром“. Рускиот енергетски гигант, чии телефони не престануваат со ѕвонење поради европските потрошувачи кои се загрижени дека може да дојде до проблеми со транзитот на гас, одлучи да му попушти на „Нефтогас“ и да ги продолжи роковите за отплата. Освен тоа, компанијата реши долгот да го намали за речиси 800 милиони долари, пренесува „Ведомости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.