Премиерот на Украина: „Вие во Русија поставувате тешки прашања“

Во Калуга на 15 октомври одржаа заедничка прес-конференција премиерот на Украина, Николај Азаров и премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

Во Калуга на 15 октомври одржаа заедничка прес-конференција премиерот на Украина, Николај Азаров и премиерот на Русија, Дмитриј Медведев. На конференцијата  премиерот на Украина го доби следново прашање од новинар: „Украина направи избор во правец на приклучување на Европската унија. Во Русија јавноста не е баш запознаена со причините за таквата одлука. Кои предности ги нуди приближувањето кон ЕУ, а кои ги нема во Царинската унија? Дали го побаравте мислењето на жителите на Украина? По тој повод, на пример, не беше спроведен референдум. И кажете, ве молам, зар не се плашите дека украинските производи, кои сега се доста барани на територијата на поранешниот СССР, на Европа едноставно нема да ѝ бидат потребни?“

„Вие во Русија поставувате тешки прашања“, одговори претседателот на украинската Влада. „Украина само презема чекори за да пристапи полесно на развиениот пазар со високи технологии, неоптоварен со давачки, бариери“, изјави премиерот на Украина.

Дмитриј Медведев исто така одлучи да одговори на прашањето зошто Украина го потпишува договорот со ЕУ. „Мојот одговор гласи: не знам. Навистина не знам. Тоа е одлука на Украина. Самата држава бара форма на соработка. Најважно е таа форма да не го забави реалниот развој на економските процеси, туку да ја поддржи интеграцијата како со европските, така и со другите држави“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.