Шефот на комитетот на Државната дума на Русија за меѓународни работи, Алексеј Пушков, изрази загриженост поради можното формирање на „центар за радикален ислам“ на Крим.
Медиумите претходно пренесоа новост дека исламистичката организација „Хизбут-Тахрир“, која е забранета во неколку земји, вклучувајќи ја и Русија - планира да одржи меѓународен форум во Симферопол на 7 и 8 октомври. Локалните власти официјално го дозволиле одржувањето на средбата, меѓутоа, според податоците на ТВ каналот „Русија 24“, сопствениците на просторот во кој требало да се одржи средбата во последен момент го раскинале договорот за закуп, што предизвикало реакции и протести на собраните делегати.
„Додека се занимава со приближување кон ЕУ, Киев би можел да го предвиди создавањето на центар за радикален ислам на Крим. Отворениот митинг на организацијата „Хизбут-Тахрир“ создава загриженост’, напиша Пушков на Твитер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче