Претставниците на ЕУ го критикуваат решението на Русија за дискриминација на трговските односи со Украина, пишува The Financial Times. Причина за решението и односот на руската влада кон поранешната советска република се потесните економски односи со членовите на ЕУ. Руските царински служби го парализираа увозот на стоки од Украина со ненајавени проверки.
„Според мислењето на Европската унија, економскиот притисок од страна на Русија е поврзан со можното потпишување на договорот со Украина“, изјави Џон Кленси, претставник на ЕУ за трговски прашања. Тој додаде дека Русија нема основи за да врши такви проверки.
Како што соопштија претставниците на Украина, завчера завршиле долгите царински проверки.
„Руската страна пренесе дека од денес дополнителните контроли и царински процедури се укинати“, пренесе владата на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче