Кисинџер со совет до Трамп за политиката спрема Русија

Американскиот политичар и експерт во областа на меѓународните односи Хенри Кисинџер изјави дека администрацијата на Обама дозволувала „попустлив тон“ во односот спрема рускиот претседател Владимир Путин, затоа новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во дијалогот со Русија треба да се однесува сериозно спрема лидерот на Русија и неговата позиција.

„Во надворешната политика се среќавате со истите луѓе повторно и повторно. И треба да изградите односи не заради една зделка, туку да работите на договор што ќе биде импулс за склучување на зделки во иднина“, изјави Кисинџер во интервју за Си-Ен-Ен.

„Пред сѐ, Путин не верува дека се случила некаква трансформација, дека во Студената војна победиле Американците. Тој е убеден дека Русите самите се ослободија од комунизмот, самите се справиле. Според него Америка го искористи тоа со поместување на одбранбената линија од центарот на Европа, која претходно се наоѓаше илјада милји од Москва, на растојание од 300 милји од главниот град на Русија“, ја цитира неговата изјава ИноТВ.

„Пред него стои задача да ја врати почитта. Затоа секоја администрација, и новата, се разбира, исто така, ќе мора да разбере: дали е можно да се води дијалог со Путин, поаѓајќи од тоа што него морате да го сфатите сериозно. Според мене,  претходната администрација во комуникацијата со него одвреме-навреме покажуваше снисходливост“, истакна тој.

На 14 ноември Кисинџер изјави дека не очекувал да победи Доналд Трамп на претседателските избори во САД и истакна дека тоа е еднакво на „внатрешна револуција“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.