Необични патни знаци во Русија

Знакот на кој пишува „Внимание, моржови!“ беше поставен во павилјонот „Чукотка“ за време на Источниот економски форум 2016 година во Владивосток. Тихоокеанските моржови се по потекло од Чукотскиот автономен округ.09/02/2016

Знакот на кој пишува „Внимание, моржови!“ беше поставен во павилјонот „Чукотка“ за време на Источниот економски форум 2016 година во Владивосток. Тихоокеанските моржови се по потекло од Чукотскиот автономен округ.09/02/2016

Евгениј Бијатов / РИА Новости
Сите патни знаци во Русија не се во согласност со Виенската конвенција за патни знаци и сигнали. Можно е некои од нив да се подигнати од активисти или од уметнички групи. Други се однесуваат на животни и ли се подигнати во чест на некое литературно дело. Понекогаш знаците укажуваат на општествената одговорност. „Руска реч на македонски“ ви донесува избор од најинтересните патни знаци – службени или неслужбени – од целата земја.
Ољхон е најголемиот острив во Бајкалското езеро кое е и најголемо езеро во светот. Назима, кога езерото цврсто ќе замрзне, преку езерото се поставуваат патни ленти на кои стојат предупредувања „Дозволено оптоварување на автомобилот – 5 тони“, „Препорачана брзина – 10 километри на час“, „Забрането запирање“ и други.Ољхон е најголемиот острив во Бајкалското езеро кое е и најголемо езеро во светот. Назима, кога езерото цврсто ќе замрзне, преку езерото се поставуваат патни ленти на кои стојат предупредувања „Дозволено оптоварување на автомобилот – 5 тони“, „Препорачана брзина – 10 километри на час“, „Забрането запирање“ и други.
Предупредувањето „Внимание, зомбија!“ кое се појави во московскиот парк Сокољники ги предупредува возачите за пешаците кои не можат да го тргнат погледот од своите мобилни телефони, дури ни кога одат.
Предупредувањето „Внимание, верверици!“ се наоѓа на Свердловскиот насип во Санкт Петербург. Овие мали глодари често се гледаат во околината.Danil Churilov
 Да, Русија има свој Париз. Станува збор за населба во Нагајбакскиот реон во близина на Чељабинск во Уралскиот регион. Рускиот Париз има и своја Ајфелова кула подигната во 2005 година. Служи како антена за мобилни телефони.03/28/2005
Необичните патни знаци со слики од животни на жолти табли во Барнаул се појавија минатата година. Со нив се обрнува внимание на возачите за последиците од кршењето на патните прописи. Оние кои не се придржуваат кон правилата се споредуваат со кози или со овци.
Знакот „Забранет разговор со непознати“ кај московското Патријаршиските езерца се појави благодарение на познатиот роман „Мајсторот и Маргарита“ од рускиот писател Михаил Булгаков. На знакот се наоѓаат ликови од романот: Воланд, Коровјев и мачорот Бегемот. Прочитајте ја првата глава од романот чие дејство се одвива на Патријаршиските езерца и ќе сфатите зошто е потребен овој знак.
Вакви знаци никогаш нема да видите на јавните патишта. Знакот „Внимание, тенкови“ може да се види за време на воените вежби со стрелање или за време на изложбите на воена опрема.
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња