Сибирската мачка има подвид со color-point боја наречена по Нева, големата река во Санкт Петербург. Невската маскарадна мачка е исто така автохтона руска раса. Се карактеризира со потемна боја на муцката која наликува на маска. На овие простори се појавила пред неколку векови, веројатно со трговските каравани, кога во Русија пристигнале и тајландските краткопашести мачки.
На крајот на XVIII век зоологот Петар Палас (кој го открил манулот, т.е. Паласовата мачка) додека патувал по Пензенската губернија, видел и опишал локални мачки со „црна маска“ на муцката. Постепено, во селата почнале да се појавуваат други раси со колор-поинт боја, кои се мешале со сибирските мачки. Тоа биле обични домашни миленичиња без никакви стандарди за одредена раса.
Во доцните 1980-ти невските маскарадни мачки беа првпат прикажани на изложба во Санкт Петербург. Тогаш локалните фелинолози ѝ го дадоа на расата името сибирски колор-поинт, и тоа е нејзиното официјално име. Во 1990-тите таа беше признаена како посебна раса.
Невската маскарадна мачка има светлосини очи и светла боја, но по карактер е слична на сибирската мачка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче