20 декември 2023 година. Вклучени се сијаличките и украсите на новогодишната елка на Дворцовиот плоштад.
Петар Коваљов/TASSНовогодишните свечености во Санкт Петербург годинава ќе се одржат на три главни локации. Тоа се саемите на Манежниот и Московскиот плоштад, како и ледениот тобоган на Дворцовиот плоштад. Тие ќе работат до 8 јануари 2024 година.
Помеѓу зградите на Штабот на гардискиот корпус и Главната зграда на Ермитаж, во близина на главната новогодишна елка во Санкт Петербург, поставен е бесплатен тобоган од мраз висок 9 метри и долг 65 метри.
Елката пристигна на Дворцовиот плоштад од Ленинградската област. Целосно е накитена со украси, а сијаличките и гирландите беа запалени на 20 декември. Украсите се традиционални: во вид на Оревокршачка, Дедо Снешко и шарени бонбони.
Низ Санкт Петербург се поставени повеќе од 80 новогодишни елки и над 11000 новогодишни улични декорации.
Особено убаво изгледаат градските паркови и зоните за рекреација, каде веќе се отворени лизгалишта.
Во комплексот „Николски редови“ (рус. „Никольские ряды“) покрај лизгање можете да се повозите на рингишпил и да одиграте партија карлинг или мини-голф на мраз.
Главната улица „Невски проспект“ како и лани доби луксузно осветлување во стил на царскиот период со раскошни круни. Зградите на проспектот се исто така украсени со ефектни декорации.
Мостовите се визит-карта на Санкт Петербург. Поради нив, многу луѓе велат дека Петербург е „Северна Венеција“. Овие денови дури и мостовите блескаат со прекрасни украси! Над каналот „Грибоедов“ повторно беа поставени инсталации во облик на срце
Погледнете ги дрвјата во центарот на градот! На нив „цветаат“ светкави ѕвездички.
А во близина на трговскиот центар „Гостини двор“ минувачите ги пречекува огромен Дедо Мраз, што значи дека овие денови сигурно не можете да си одите од Петербург без сувенири и подароци.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче