Мурманск
Лев Федосеев/TASSСанкт Петербург. Новогодишна елка на Дворцовиот плоштад. Главната новогодишна елка во градот е украсена во класичен стил со знаменца, топки и украси во вид на куќи, Снешко и коњ со блескава ѕвезда на врвот.
Санкт Петербург
Лев Федосеев/TASSНа главниот плоштад во Мурманск на северот на Русија се сместиле огромни фигури на поларни животни: мечки и ирваси! Посетителите се добредојдени на празничниот саем со интересни подароци и локални деликатеси.
Мурманск
Лев Федосеев/TASSЈакутск, главниот град на Јакутија, најстудениот регион во Русија, е меѓу првите градови кои годинава беа украсени во Русија.
Јакутск
Вадим Скрјабин/TASSБелата казањска тврдина ги привлекува туристите и жителите на градот со своето занесно осветлување. Тешко е да се одолее и да не се направи фотографија!
Казањ
Максим Богодвид/SputnikОвој парк во Краснодар на југот на Русија е една од најновите градски атракции и ново омилено место за шетање на жителите на градот. Снегот овде е мошне ретка појава, но новогодишното расположение е веќе во воздухот. Дрвјата просто блескаат!
Краснодар
Виталиј Тимкив/SputnikНовогодишната елка и празничното осветлување беа поставени и во главниот град на Чеченија - Грозни, кој исто така има една од најтоплите зими во Русија.
Грозни
Магомед Чабаев/SputnikПремногу е студено за капење во Црното море, но луѓето од туристичкиот град Геленџик уживаат во благото време и празничните инсталации по должината на брегот. Оваа елка е раскошна!
Геленџик
Виталиј Тимкив/SputnikНајзападниот руски град - Калининград, ги накити своите преубави цркви и улици.
Калининград
Михаил Голенков/SputnikНовогодишна елка и лизгалиште на плоштадот „Ленин“ во Новосибирск. Оваа година нема да има масовни собири на ова место, но лизгалиштето на 31 декември ќе биде отворено до 22 часот. Луѓето сепак можат да уживаат во осветлувањето колку сакаат!
Новосибирск
Кирил Кухмар/TASSВо јужниот град Белгород светлата на новогодишната елка беа запалени за време на празничната приредба.
Белгород
Антон Вергун/SputnikСе чини дека го најдовме рускиот Дедо Мраз! Запре во Краснојарск заедно со своите ирваси и подароците.
Краснојарск
Иљја Најмушин/SputnikОвие светлечки мечки се наоѓаат во еден реон на Москва надвор од центарот на градот. Погледнете како е украсена Москва за дочекот на Новата 2022 година!
Москва
Григориј Сисоев/Sputnik
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче