Викторија моментално е единствениот руски борец во женската полутешка категорија на UFC. Има 24 години, а во 2019 година стана шампионка на Европа во мешани боречки вештини и носител на бронзениот медал на Светското првенство во 2019 година. Иако е толку млада, таа веќе може да се пофали со исклучителен резултат од 8-0-0!
Русинката Викторија Дудакова позира за време на мерењето. Лас Вегас, Невада, 29 август 2022.
Chris Unger/Zuffa LLCВикторија е родена во Волгоград. Од детство се занимава со спорт – најпрвин со гимнастика, а потоа со пливање, во што беше многу успешна.
Фотографирање по победата на UFC 294
Mike Roach/Zuffa LLC via GettyНа 13-годишна возраст беше примена во репрезентацијата на Русија и наскоро стана шампионка меѓу јуниорите. Меѓутоа, по доаѓањето на новиот тренер, нејзините резултати одеднаш се влошија и таа се повлече од спортот. По совет на нејзината мајка, се одлучува за боречки вештини и тоа ново хоби наскоро ѝ станува животен повик. Тоа беше и очекувано, со оглед на тоа дека нејзиниот татко се занимаваше со кик-бокс и дека заедно гледале борби на телевизија.
Викторија Дудакова и Џин Ју Фреј на турнирот UFC 294 во Абу Даби (УАЕ), 21 октомври 2023.
Chris Unger/Zuffa LLC via Getty ImagesВикторија подоцна изјави дека отсекогаш била фасцинирана од боречките вештини, а особено сакала да ја гледа Ронда Роузи и да го следи нејзиниот подем во ММА. Една од препознатливите техники на Ронда „лост на рака“ (armbar) е омилен зафат и на Викторија.
Викторија Дудакова, прогласување на победникот, UFC 294.
Chris Unger/Zuffa LLC via Getty ImagesНа натпреварот UFC 294, одржан на 21 октомври 2023 година во Абу Даби (ОАЕ), Викторија ја победи Американката Џин Ју Фреј (додека Ислам Махачев, исто така Русин, успешно го одбрани својот појас во лесна категорија против Австралиецот Александар Волкановски со нокаут во првата рунда).
Фотографирање по победата на UFC 294
Mike Roach/Zuffa LLC via GettyВо моментов Викторија не планира да се враќа во рингот до 2024 година. Вели дека е многу уморна и дека ќе посвети особено внимание на подобрување на својата ментална и физичка здравствена состојба.
Викторија Дудакова, Лас Вегас, Невада, 12 јули 2023.
Mike Roach/Zuffa LLCПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче