Три најпопуларни руски поп-ММА лиги на „Јутјуб“

Полное ТВ vs Дарина Маздјук

Полное ТВ vs Дарина Маздјук

Наше Дело
Во најкратки црти, тоа се борби на аматери и почетници во кафези според правилата на ММА. Многумина од нив никогаш не тренирале ниедна боречка вештина – ниту бокс, ниту борење, ниту било што друго. Тие влегуваат во кафезот со цел да ги забават гледачите и следбениците на „Инстаграм“. Еве зошто борбите на фрикови во Русија станаа сензација на „Јутјуб“.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“сме секогаш со вас!

Во текот на изминатите три години ММА-борбите на руските аматери прераснаа во неверојатно популарни настани и предизвикаа појава на поп-ММА лиги.

Накратко, ова се борби меѓу аматери и почетници во кафези според правилата на ММА. Многумина од нив никогаш не вежбале никакви боречки вештини - ниту бокс, ниту борење, ниту нешто друго. Тие влегуваат во кафезот со цел да ги забавуваат гледачите и следбениците на Инстаграм.

Во најкратки црти, тоа се борби на аматери и почетници во кафези според правилата на ММА. Многумина од нив никогаш не тренирале ниедна боречка вештина – ниту бокс, ниту борење, ниту било што друго. Тие влегуваат во кафезот со цел да ги забават гледачите и следбениците на „Инстаграм“.

Правилата во овие борби варираат од тепање со тупаници до класичен бокс и ММА-борби. Организаторите често ги игнорираат разликите во тежината на борците и организираат натпревари меѓу натпреварувачи од различни категории (на пример, едниот борец тежи 50, а другиот 150 килограми). Организираат дури и борби меѓу мажи и жени.

Дебелиот блогер против слабата девојка

Сите тие видеа се објавени на YouTube, Instagram, Rutube итн. Настаните се проследени со меѓусебни груби навреди (trash talk) и тепачки надвор од кафезот. И сето тоа се прави за да се разонодат гледачите.

Потекло

Русија не беше првата која професионалните ММА-борби ги претвори во WWE-шоу. Првите такви борби беа организирани кон крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите во рамките на јапонската лига „Pride“.

Таму „ММА-фриковите“ се соочуваа со мајстори на боречки вештини. На пример, таков беше мечот меѓу рускиот „Последниот император“ Фјодор Емелјаненко и јужнокорејскиот борец Хонг Ман Чои.

Тоа беше борба помеѓу „човекот со стомак“ (кој подоцна стана една од најголемите ММА-ѕвезди на сите времиња) против џин тежок 175 килограми.

ФЈОДОР ЕМЕЛЈАНЕНКО VS ХОНГ МАН ЧОИ

И познатиот Ирец Конор Мекгрегор сериозно влијаеше на подемот на поп-ММА натпреварувањето со своите познати груби јавни навреди кон противникот (trash-talks) кои претходно не беа карактеристични за боречките вештини и со тој кои привлече милиони луѓе од целиот свет.

МЕКГРЕГОР – TRASH TALK ВИДЕО

Сето ова им овозможи на помалите промотери да го подигнат својот бизнис во стандардниот професионален спорт на ниво на сосема нов жанр наречен поп-ММА.

Значи, кои се најпопуларните руски поп-ММА лиги?

„Наше дело“

Последното издание на „Наше дело“

Овој промотер на поп-ММА идеално одговара на описот на забавните тепачки на тоталните аматери.

Организаторите на овие турнири покануваат претежно блогери, актери и ТВ-водители да учествуваат во борбите. Повеќето од тие луѓе воопшто не знаат да се тепаат, но тоа не е најважно, бидејќи целта овде е чиста забава.

Hardcore Fighting Championship

Оваа лига првично организираше борби на фрикови, а потоа прерасна во најпрестижното руско професионално првенство во борба без ракавици.

И овде организаторите ги привлекуваат гледачите со јавни груби навреди кон противникот во стилот на Мек Грегор и ситни тепачки за време на прес-конференциите, но во рингот или кафезот се борат врвни спортисти.

Проектот е толку успешен што кон средината на февруари 2022 година му понуди договор на шампионот на UFC Френсис Нгану, кој сега ја разгледува можноста да го напушти УФЦ.

Pravda Fighting Championship

Во оваа лига се собрани најдобрите професионални борци на Русија и најдобрите поп-ММА натпреварувачи. Тука сериозниот класичен спорт е претворен во атрактивен и интересен настан.

Навистина, познатите поп-ММА натпреварувачи ретко кога ги совладуваат најдобрите руски спортисти, но не треба се заборави фактот дека главната цел овде е забавата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња