Овој Русин буквално поткова болва и го направи најмалиот аквариум на светот

Полина Тихонова
Мајстор Анатолиј Коненко прави микроминијатури, едвај видливи со голо око. Фините прецизни движења неопходни за нивна изработка тој ги прави меѓу отчукувањата на срцето.

Изразот „да се поткова болва“ на руски значи да се направи некоја филигранска работа. Изразот потекнува од расказот „Левучар“ (Левша) од Николај Лесков, напишана на крајот на XIX век. Според сижето на овој расказ, англиски мајстори се фалиле дека направиле ситна челична болва, а тулскиот мајстор Левша буквално ја потковал. На тој начин тој ја покажал технолошката супериорност на руските оружари.

Болва што Анатолиј ја потковуваше 7,5 години со златни потковици со димензии 0,25 x 0,2 мм. Потковиците се 6 милиони пати помали од коњските.

Расказот на Лесков е измислена, но во модерна Русија навистина постои мајстор кој поткова болвата и направи уште стотици други микроминијатури. Неговото име е Анатолиј Коненко, има 69 години.

Анатолиј Коненко

Меѓу неговите дела се:

  • аквариум долг 30 мм со жива риба,
  • златна потковица со димензии 0,25 x 0,2 mm
  • минијатурен модел на бас-гитарата на групата Scorpions
  • Ајфеловата кула, намалена сто илјади пати, на антена на комарец со големина 3,2 mm
  • миникопија на првиот вештачки сателит на Земјата 0,005 mm
  • потписот на првиот космонаут Јуриј Гагарин, изгравиран на зрно ориз
  • минијатурен албум „Освојувачите на вселената 1961-2011“ и многу повеќе.

Уметник и пронаоѓач

Една година пред да дипломира на Факултетот за сликарство и графика на Омскиот педагошки универзитет во 1981 година, Анатолиј се запрашал: кој би бил најмалиот портрет што може да се направи а на него да можат да се воочат сите детали на човечкото лице?

„Девојката со лепеза“. Микроминијатура на сликата на Огист Реноар. Акварел на коска од мамут со големина 10,2 х15,6 mm

„Јас сум сликар, а моето второ образование е пронаоѓач. Затоа уметникот и пронаоѓачот во мене се надополнуваат! Пробав многу работи и на крајот заклучив дека најмногу непознаници за еден уметник се кријат во правењето нешто многу, многу ситно“, објаснува Коненко.

Владимирската икона, акварел на „платно“ од коска од мамут со големина 5,0 х 7,0 mm.

Преку обиди и грешки ги намалувал и инструментите со кои работи, и димензиите на материјалите. За да доведе до совршенство сé му требале 15 години, признава овој уметник.

Сега на Коненко му треба околу еден месец да создаде едно комплицирано дело. Мини-аквариумот, кој е на листата на Гинисови рекорди како најмал аквариум на светот, го направил за три недели. Тука немало микроделови, но работата со живи зрнца икра и спори на билки, алги и капиларен систем за снабдување со воздух барала посебен пристап.

Аквариум

„Задачата беше таму да живеат вистински риби, на кои им се доведува воздух и од дното се издигнуваат мали меурчиња, а тоа е многу комплицирано да се направи во вода“, објаснува Анатолиј.

Аквариум

Според него, микрочетките и ножевите во неговите раце се движат во такт со отчукувањата на срцето - така пулсираат крвните садови на врвовите на градите. Затоа, за прецизна работа, потребно е да се уловат моментите меѓу отчукувањата на срцето. „Треба само да го фатите ритамот и тогаш работата добро напредува. Понекогаш дури пуштам и музика за медитација“, вели овој уметник.

Омски мотиви и изложби во странство

Ѓердан и обетки во семка од јаболко. Стакло и злато. Големина 2,7 mm.

Авторот им дава посебна смисла на микроминијатурите посветени на Омск, каде што живее денес. По повод 300-годишнината на Омск во 2016 година уметникот смести влакно во средината на буквата О во зборот „Омск“, направено од зрнца песок на бела керамичка плочка. Притоа песокот за овој проект го собираше на сливот на блиските реки Иртиш и Ом. Покрај тоа, секоја буква од името на градот е направена од зрнца песок чиј број одговара на редниот број на буквата во азбуката.

Виолината долга 12 мм на овој починат скакулец е направена од лушпа од орев. Во неа има етикета со името на авторот, датумот на изработка, името на градот и државата.

„Ова дело се наоѓа во нашиот музеј и многу луѓе доаѓаат, го читаат и се прашуваат: „Зошто е направено? Зошто е тоа потребно? Зошто така, а не поинаку?' - а одговорот е: да привлече внимание“, вели Анатолиј.

Делата на Коненко привлекуваат внимание и во странство. Досега има организирано изложби во САД, Германија, Франција, Чешка, Шпанија, Јапонија и Кина.

Караван камили минува низ иглено уво. Фигурите се од злато со големина 0,25 mm.

„Луѓето покажуваат еднаков интерес. Очигледно е дека сакаат да ја доживеат магијата, прашувајќи се како е можно да се направи нешто толку ситно. Не им е јасно како може да се направи книга со големина од 1 милиметар. Умот не може да разбере, но тоа го гледаат со свои очи“, вели Коненко.

Демонстрации за затвореници и вредноста на делата

Постои и посебна категорија на љубители на неговото творештво. Ним Коненко лично им ги носи своите дела. Имено, тој три пати месечно ги посетува затворите.

Должината на мравката е 2 mm, должината на златниот клуч и катанецот 0,24 mm.

„Има многу затворски колонии, едноставно немам време да одам на сите места каде што ме канат. Затворениците се благодарна публика, тие секогаш се заинтересирани да го видат она што е тешко да се најде дури и во музеите. Среќни се што сте им донеле нешто, сте им покажале и разговарале за тоа. Во музеј можат да дојдат обични луѓе. А тие не можат. Затоа јас одам кај нив“, објаснува Анатолиј.

Во светот има само единаесет уметници кои се способни да создаваат дела со вакви димензии. Тие се претежно минијатуристи кои работат на постсоветските простори.

Анатолиј Коненко ја направи најмалата книга на светот, Гогољовиот „Шинел“ со димензии 30х32 mm. Книгата има 120 страници и 10 илустрации, текстот од првата до последната буква.

Цената на микроминијатурите како аквариумот, поткованата болва, караванот камили, штурецот со виолина, достигнува 50000 евра. Вистина, сега скоро сите купувачи се од Русија. Коненко главно за продажба изработува минијатурни книги со илустрации. Се занимава и со сликарство со обични димензии. Во салата на омската библиотека „Александар Пушкин“ се изложени неговите акварели со пејзажи на Омск.

Волнени чизми валенки со големина 3 mm.

Интересот за неговите дела и нивната висока цена Коненко го објаснува сосема едноставно: „Сé што е направено од човечка рака отсекогаш било барано и скапо. Мајсторите од целиот свет продолжуваат да прават уникатни предмети користејќи традиционални техники, и тие се многу скапи, бидејќи вакво нешто не може да се направи на подвижна лента, во фабрика. Тие истовремено ја чуваат традицијата и ги изработуваат овие предмети, одржувајќи ја побарувачката. И нивниот труд секогаш ќе биде на цена“.

Најмалиот украс за новогодишна елка на светот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња