„Пораснав во Рјазан. Дедо ми свиреше на разни музички инструменти, а баба плетеше и везеше чаршави со вкрстен вез. Имаме многу убав град: дрвена архитектура, уникатна рјазанска носија, чии орнаменти ги користам и во моите проекти. Постојано повторувам: местото каде што си пораснал е твојата главна сила“.
Нејзините клиенти сакаат да ги овековечат своите најдраги спомени преку тетоважа. Тоа може да биде некое важно место, па луѓето, на пример, се решаваат за украсна рамка на прозорските отвори и врата на селската куќа во која пораснале.
Некои, пак, претпочитаат цвеќиња од родниот крај, растенија од кои со мајка им плетеле венчиња.
„Искуството на секоја личност е уникатно. Затоа секоја тетоважа е единствена, ги содржи сите искуства, спомени, болка и љубов на одредена личност. Имам бескрајна восхит за луѓето кои доаѓаат кај мене на сесии“, вели Мари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче