Вин Дизел никогаш не прашал: Што стори, Џејсон?
Russia Beyond (Legion Media; Getty Images)Ако го посетите Инстаграмот на Џејсон Стејтам, под секоја негова фотографија ќе најдете изобилство од цитати на руски, лажно припишани нему. Претходно пишувавме зошто Русите се фасцинирани од овој актер. Руските корисници сега се насочија кон друга холивудска личност, Вин Дизел, и сега објавуваат слични лажни цитати на неговиот инстаграм-профил.
„Сада пишуваме овде, © Стејтам“, порачаа руските интернет корисници, додавајќи дека „уште не се родила таква ѕвезда кај која Русите не отишле да коментираат“ (Не родилось еще той звезды, к которой не ходили русские комментить).
Во суштина, штом првиот Русин се огласи на профилот на Дизел, бргу почнаа да го следат и други.
„Те најдов, човеку, дојдов од страницата на Стејтам. Викнете ги другите“.
„Кој е тука од страницата на Стејтам?“
„Што стори, Џејсон?“ © Вин Дизел.
„Дали ми се чини или Вин Дизел почна да објавува почесто за што повеќе Руси да коментираат?“ прашуваат руските корисници. (Мне кажется или Вин Дизель начал чаще выкладывать посты чтобы ему больше русских комментов писали?)
„Сте слушнале за цитатите на Стејтам? Јас ги напишав!“
Russia Beyond (Legion Media; Getty Images)„Сте слушнале за цитатите на Стејтам? Јас ги напишав!“
Russia Beyond (Legion Media; Getty Images)
Поради играта на зборови, нема да помогне буквален превод на цитатите кои Русите ги оставаат зад себе. На пример: „Ние мора да останеме ние, а тие мора да останат тие“. (Мы должны оставаться мыми, а они оними.)
Сепак, пронајдовме смешни цитати кои нема да се изгубат во преводот!
Најпознатата улога на Дизел е Дом Торето од сагата „Брзи и бесни“. Неговите цитати за семејните вредности станаа мимови ширум светот, а и Русите смислија свои, се разбира, припишувајќи му ги на актерот.
„Сакај го своето семејство исто толку колку што сакаш да пишуваш коментари на профилот на @jasonstatham.“ (Любите свою семью так же, как любите писать комменты под постами @jasonstatham)
„Сите велат дека алкохолот ги уништува семејствата, но никој не зборува за тоа колку семејства создал“. (Все говорят, что алкоголь разрушает семьи, но никто не говорит о том, сколько семей он создал)
„Среќа е кога имаш големо, полно со љубов, грижливо, сложно семејство... во друг град“. (Счастье – это иметь большую, любящую, заботливую, дружную семью в другом городе.)
„Не можете да се откажете од семејството, квачилото или чинијата после хељда“. (Нельзя бросать семью, сцепление и тарелку после гречки.)
„За работите да се одвиваат непречено во едно семејство, еден од членовите мора да биде свилен“.
Russia Beyond (Legion Media; Getty Images)„Ќе ме прашаш што е поважно: бизнисот или семејството. Ќе ти одговорам - семејството. И ќе си заминеш без да дознаеш дека имам семеен бизнис“. (Ты спросишь меня, что важнее: бизнес или семья. Я отвечу — семья. И ты уйдешь, так и не узнав, что у меня семейный бизнес.)
Инаку, на прашањето на еден од следбениците на Вин Дизел зошто има толку Руси таму, следеше коментарот: „Затоа што Стејтам е најголемата руска ѕвезда. Неговите мудри цитати ќе се пренесуваат од колено на колено. Се чини дека Вин сака да го повтори тој успех“.
Неговиот профил беше преплавен не само од обичните корисници, туку и од руските забавни медиуми и ТВ-канали. Секој придонесува со свои шеги. Освен тоа, некои корисници оставаат и целосно забегани коментари.
„Не рекламирам дизел.“
Russia Beyond (Legion Media; Getty Images)„Менувам вила во Дубаи за трособен стан во Сочи.“ (Обменяю виллу в Дубае на трешку в Сочи.)
„Издавам соба, пет минути пеш од метро-станицата „Курскаја“. 26000 (рубли) месечно, плус вода и струја на броило. (Сдаю комнату в 5-ти минутах ходьбы от м.Курская. 26000/месяц, плюс вода и свет по счетчикам.)
„Батериите имаат еден минус и еден плус.“ (У батареек есть один минус, и один плюс.)
„На крајот на секоја последна трка се раѓа нова трка.“ (В конце каждого последнего заезда зарождается новый заезд.)
„Учи руски, ќе ти се најде, брат“, © Џејсон Стејтам. (Учи русский, пригодится, брат, © Джейсон Стетхэм)
Што мислите, кои холивудски ѕвезди ќе бидат следни на листата на овие вирални руски корисници?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче