Многу е полесно да се испрати нешто од Русија во странство отколку од странство во Русија.
Одделенијата на Поштата на Русија надвор од нејзините граници продолжуваат со работа и покрај санкциите. Други компании исто така испорачуваат пратки во странство.
Пошта на Русија
Русија. Новосибирска област. Линијата за сортирање големи пратки во Новосибирскиот логистички поштенски центар (ЛПЦ), која „Поштата на Русија“ ја изгради во рамките на проектот „Национални логистички технологии“ и ја стартуваше во март 2021 година.
Кирил Кухмар/TASSПоштата на Русија сè уште испорачува пратки во странство, и тоа во прилично голем број земји. Пратките пристигнуваат во 126 од вкупно 209 земји наведени на веб-сајтот на Поштата на Русија. Не можете, на пример, да испратите нешто во Полска, Финска, Австралија и Нов Зеланд. Комплетната листа на ограничувања можете да ја најдете на веб-сајтот на Поштата на Русија. Во земјите каде што е овозможено испраќање, пратките патуваат најмногу 40 дена. Во земјите од Западна Европа пратката во просек патува 15-30 дена.
За да испратите нешто, доволно е да отидете на веб-сајтот на Поштата на Русија и да ги пресметате трошоците за испорака. Се нудат три тарифи: стандардна, забрзана и EMS. Откако ќе ги пресметате трошоците, преминете на формирање на пратката, т.е. кликнете на „перейти к оформлению“ и следете ги упатствата. Важно е да знаете дека царинската декларација има само 20 реда и таму треба да биде напишано сé што е содржано во пратката, макар тоа да е и клопче обичен конец. Ако праќате повеќе од 20 предмети, мора да креирате друга пратка.
Девојка што праќаше пратка од Брјанск на Кипар, во Лимасол, пишува дека пакетот тежел 7 килограми и чинел 3.550 рубљи, а патувал 26 дена. Во еден момент следењето на пратката било прекинато, т.е. застанало на податокот „испратено од Русија“, но пратката пристигнала на својата дестинација. При предавањето на пакетот, пратката дополнително се проценува и можеби ќе треба да платите данок. Но, ако пакетот содржи само користени лични предмети, не се плаќа данок.
DHL
DHL во Москва
Гаврил Григоров/TASSОваа компанија не доставува пакети во Русија и од странство во Русија, но од Русија пакет може да се испрати до речиси секоја точка на земјината топка. Начинот на испраќање е сличен на оној на Поштата на Русија: одете на сајтот, пресметајте ги трошоците за испраќање за различни тарифи и изберете ја онаа што ви одговара. Потоа пополнете ја страницата со лични податоци и документи и следете ги упатствата. Препорачливо е претходно по телефон да се провери можноста за испраќање до саканата земја користејќи го бројот наведен на сајтот.
Најголемата маана на DHL се високите цени. За споредба, веќе споменатото испраќање на пакет од Брјанск во Лимасол преку „Поштата на Русија“ чинеше 3.550 рубли, а под истите услови DHL нуди варијанта која чини 32.540 рубли. Од друга страна, таа пратка би стигнала со DHL за само 7 дена.
„DHL работи во РФ, редовно праќам пошта во САД и Британија, 10000 рубли за пратка до 1 кг. Последната пратка во Англија ја испратив преку „Поштата на Русија“, стигна за 8 дена (но се случува да има застои). Постои уште и Boxberry, пратката пристигнува за 14-20 дена во САД или Велика Британија. Цената е 2500 рубли за пратка до 1 килограм“, пишува корисникот Ала Смирнова во коментарот под текстот поврзан со испраќање пратки во странство.
Boxberry
Овој сервис испорачува пратки низ целиот свет. Условите за испорака (цените и роковите) се прилично „хумани“. На пример, прелиминарната цена за испраќање пакет до 4 кг од Москва до Италија е 3335 рубли, пратката пристигнува за 10-16 работни дена. Дополнително се плаќа увозна давачка која се пресметува во личниот кабинет во зависност од дестинацијата.
PonyExpress
И со сервисот PonyExpress поштата се испраќа преку официјалната веб-страница на компанијата. Најпрво се пресметува цената на пратката и приближното време за кое таа ќе пристигне на дестинацијата, по што се пополнува формуларот. На пример, пакет до 5 кг од Русија до Франција, со испорака од домашната адреса на испраќачот до домашната адреса на примачот, пристигнува за приближно 9-18 дена (не сметајќи го денот на приемот, викендите и празниците) и чини 24410 рубли.
Без оглед на тоа кој сервис ќе го изберете, треба внимателно да се запознаете со списокот на стоки што се забранети за увоз, бидејќи на него може да се најдат сосема неочекувани ставки. На пример, не можете да испраќате ракавици направени од синтетичка или природна кожа. Деталните списоци може да се најдат на сајтовите на сите споменати сервиси. Увозните давачки се пресметуваат и во зависност од видот на пратката (нови или користени предмети; предмети за лична употреба или за продажба) и вредноста на предметите што ги испраќате.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче