Целосно новата боречка вештина беше развиена во 1920-тите во Советскиот Сојуз од Василиј Ошчепков и Виктор Спиридонов. Тие го направија тоа независно еден од друг.
Ошчепков отпатува за Јапонија и таму изучуваше џудо во институтот кај основачот на џудото Џигор Кано. На крај тој стана еден од џудистите со највисок ранг на светот а кој не е Јапонец. Спиридонов беше ветеран од Првата светска војна во која беше ранет. Тој разви свој сопствен стил на боречки вештини заснован на јапонското џиу-џицу.
Тренинг на советските десантно-падобрански трупи.
Лав Поликашин/SputnikНивните слични, но конкурентни стилови на борба беа споени во уникатна советска боречка вештина позната денес како „самбо“. Двете верзии на „самбо“ се разликуваа една од друга. Системот на Спиридонов имаше за цел да ги научи курсисте како да му нанесат максимална штета на непријателот за веднаш да го онеспособат. Очигледната суровост на неговиот метод е разбирлива ако се земе предвид дека Спиридонов учествуваше во војната.
Постепено, „самбото“ беше официјално поделено на борбено и спортско самбо. Со текот на времето самбото стануваше сè попопуларно, така што оваа советска боречка вештина беше подигната и на меѓународно ниво.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче