Повеќето венчавки во Русија се одржуваат во текот на топлите летни месеци (најчесто во петок, за да трае прославата цел викенд), но дури и во студените зимски работни денови се случува матичните служби да бидат преполни со младенци.
На најпопуларните датуми се организираат невообичаени свечености: венчавки на лизгалишта, во гондоли, па дури и под земја.
Овој ден порано бил пагански празник на младенците, кој потоа бил прилагоден на христијанската традиција. Од една страна, тоа е првата недела по православниот Велигден, денот кога црквата повторно почнува да ја изведува церемонијата на венчавање по долгиот велигденски пост. Меѓутоа, во паганско време, Краснаја Горка била прослава на новата пролет и денот кога младите можеле повторно да се венчаат по долгата зима (повеќе за овој празник дознајте овде).
Во секој случај, овој ден ја отвора новата сезона на венчавки во Русија. Матичните служби тогаш нудат нови локации за церемонијата на венчавање. На пример, во 2022 година московските парови се венчаваа на брод што плови по реката Москва. „Мојот иден сопруг Сергеј и јас дознавме дека можеме да се венчаме на реката Москва додека ја подготвувавме венчавката“, вели Анастасија Мамонтова. „И бидејќи отсекогаш сме уживале во возењето со брод, решивме да се венчаме на брод, откако најпрвин проверивме дали прогнозата ветува сончево и топло време за тој ден“.
На 8 јули во Русија се слави Денот на семејството, љубовта и верноста, празник кој ги промовира традиционалните семејни вредности. Тоа е релативно нов празник кој официјално беше воведен во 2008 година. Сепак, овој ден традиционално се поврзува со семејството. Во верскиот календар тоа е, имено, денот на Свети Петар и Света Февронија, православните покровители на бракот. Главните прослави се одржуваат во градот Муром во Владимирската област, каде што живееле овие светци.
Покрај одржувањето на нови венчавки, на овој ден е популарно да се одржи и повторена венчавка. Така, на пример, во 2021 година, оваа церемонија се одржа во стилот на 70-тите. Виктор и Лариса Лисенко, кои се венчале пред 56 години, решија да го репризираат свечениот настан. Наместо прстени тие си разменија паричиња, а наместо торта, послужија свадбен каравај (специјално украсен свадбен леб).
Младите често го избираат за венчавка и Денот на вљубените. Патем, некои парови тврдат дека се запознале токму на 14 февруари. „Се запознавме пред пет години на 14 февруари. Тоа ни е годишнина, затоа го избравме тој ден. Не размислувавме за летна венчавка, бидејќи зимата е нашето омилено годишно време. Дури и фотографиите се поубави во зима“, велат младенците Екатерина и Антон од Новосибирск.
Масовните свадби на денот на градот се исто така интересен руски обичај. На пример, од 1983 година, во Екатеринбург (на Урал), градските власти на венчаните на овој ден им доделуваат еден стан кој среќна двојка го добива по пат на извлекување.
Во Грозни (главниот град на Чеченија) во 2017 истовремено се венчаа 199 парови, а во 2018 година 200 парови, кога градот славеше 199 и 200 годишнини од постоењето. Церемонијата и двата пати е одржана во центарот на градот, каде што се наоѓаат реонот со облакодери Грозни Сити и цветен парк со патека под сводови во вид на срце. Во рамките на одбележувањето на годишнината на градот, уште 200 семејства добија станови.
Свадбите на Денот на градот се популарни и во Москва, каде на овој ден се венчаваат околу илјада парови, а уште толку ги избираат соседните денови.
Меѓутоа, веројатно најпопуларните денови за венчавка меѓу Русите се таканаречените специјални датуми. Така, на пример, во 2022 година, најпопуларен беше 22 февруари (22.02.2022). На овој ден се венчаа 7000 парови во Русија, што знали три пати повеќе отколку во обичните денови.
Антон и Оксана Колпиков од Омск го избраа овој датум шест месеци однапред, пишуваат локалните весници. Антон вели дека е љубител на бројки и дека смета дека два значи пар. „Верувам дека нешто добро ќе се оствари во нашата врска. Секако, најважна е љубовта, а потоа сé останато“, вели овој пар.
Популарни беа и 2 и 20 февруари.
Во 2021 година, 21-от ден од секој месец беше популарен за венчавка, а во Москва имаше посебна гужва на 21 август (21.08.2021 година, кога се венчаа 1100 парови). Додека во 2020 година популарен беше 20 февруари (20.02.2020 година).
Во такви денови некои матични служби го продолжуваат работното време, така што понекогаш работат дури и до полноќ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче