На планините наидуваме на блокада на патот и запираме благо збунети. Ни приоѓаат луѓе со брада во маскирaни униформи и со автомати. Едниот се наведна до самиот прозорец и кога му рековме дека сме новинари широко се насмевна и со некаква детска љубопитност нè праша: „А, каква е оваа кола?“
Кавкаски планини.
Exeed Press officeКога дозна дека тоа е сосема нов кинески џип Exeed VX воодушевено почна да ц-цка со јазикот. Потоа нè распрашуваа како се покажал на пат и дали е скап. Уште неколку минути љубопитно го гледаа, а потоа нè пуштија со предупредување да бидеме внимателни зашто патот на планината е лизгав.
Штом стасавме на аеродромот во Грозни, главниот град на Чеченија, го почувствувавме тукашниот северно-кавкаски колорит. Аеродромот е нов-новичок. Мажите се прилично сериозни и носат крзнени капи, а на ѕидот на аеродромската зграда стои огромна фотографија на Ахмад Хаџи Кадиров (кој загина во терористички напад во 2007 година), таткото на денешниот челник на Чеченија. Аеродромот го носи неговото име, како и многу други работи во Чеченија. Портретот на постариот Кадиров, често заедно со портретот на Рамазан Кадиров и на претседателот на Русија Владимир Путин, го следат патникот насекаде каде и да оди во оваа република. Ги има на административните згради, на зградите од универзитетите и на училиштата... Насекаде ги има.
На излезот од аеродромот нè пречекува велелепна џамија која го носи името на Јусуп Саказов, соборец на Ахмад Кадиров. Таа е отворена во 2001 година, но сè уште сјае и изгледа како да е сосема нова.
Меморијален комплекс во слава на Ахмад Кадиров во Грозни.
Ољга ВласоваУлиците во Грозни исто така оставаат впечаток како се сосема нови. Фасадите на старите советски четирикатници и осумкатници на станбените згради украсени се со обоенo стакло и со плочки, така што не можат ниту да се препознаат. Жителите на овој град велат дека овој дизајнерски стил за време на реновирањето на старите згради не е никаков каприц на градските власти. Овие згради се мошне оштетени во војната која официјалнo беше завршена во 2000 година, но режимот на „контратерористичка операција“ е укинат дури во 2009 година.
Нова архитектура на Грозни.
Ољга ВласоваГрозни беше толку разорен што во еден момент дури и се разгледуваше прашањето за преместување на престолнината во еден друг чеченски град – Гудермес. Тука живите сведоци на трагедијата можеа, секако, да бидат варосани, но тие во тој случај би изгледале како тажни споменици на неодамнешната војна. Необичниот дизајн ги има претворено во елементи на новото време и на новиот живот.
Музеј на Чеченската Република во Грозни.
Ољга ВласоваПрилично голем број полуурнати згради повеќе не беа за реновирање, па на нивно место се подигнати нови згради. Понекаде наместо сосема разорени зданија од времето на Сталин, подигнати се нивни верни копии. Само според свежиот сјај на каменот на фасадите се гледа дека станува збор за новоградба.
Облакодер во Грозни.
Ољга ВласоваВо Грозни има и многу објекти кои се сосема нови – и според идеја и според дизајн. Не е тоа само велелепниот и добропознатиот станбено-деловниот комплекс Грозни Сити со неговите облакодери, ами тоа се и модернистички трговски центри и стадиони.
Во центарот на Грозни по празниците се врши демонтажа на новогодишната елка.
Ољга ВласоваНа улиците нема многу минувачи, а понекогаш се чини дека градот е малку голем за бројот на жители кои живеат во него (нешто повеќе од 300.000), но можеби е тоа впечаток на човек кој е расипан со недостиг од простор во мегалополис.
Се смета дека мажените Чеченки треба да бидат со покриена глава.
Александар КоробенкоНа улиците се среќаваат групи весели девојки, од кои многумина се студентки, некои со покриена глава според локален обичај, а некои не.
На улиците на Грозни.
Ољга ВласоваРуралните џамии во Чеченија често според архитектурата се слични на црквите.
Ољга ВласоваДоминантните градби во Чеченија се, секако, нови џамии кои во голем број се градат во оваа република.
Џамијата „Срцето на Чеченија“ во Грозни.
Ољга ВласоваГлавната џамија е неверојатно раскошна и убава. Таа претендира на звањето најголема џамија во Европа. Тоа е таканаречената „Срце на Чеченија“ која исто така го носи името на Ахмад Кадиров. Како прототип послужила легендарната Сина џамија (Султанахмедовата џамија) во Истанбул, светски познат споменик на архитектурата. И покрај огромните размери, чеченската џамија е направена во рекорден рок – за нешто повеќе од две години.
Џамијата „Гордоста на муслиманите“ во Шали.
Ољга ВласоваТаа може да прими над 10.000 лице. Се наоѓа во огромен парк на брегот на реката Сунжа. Покрај тоа, во нејзиното опкружување се наоѓа таканаречениот исламски комплекс кој ги опфаќа Рускиот исламски универзитет „Кунт-Хаџи“ и Духовната управа на муслиманите во Чеченската република.
Пред џамијата.
Александар КоробенкоВтората по значење џамија, исто толку голема и убава, се нарекува „Гордоста на муслиманите“ и се наоѓа во населбата Шала. Третата е во градот Аргун и подигната во сосема поинаков, модернистички стил. Се нарекува „Мајчинско срце“ (посветена е на мајката на Рамзан Кадиров).
Централната џамија.
Ољга ВласоваПокрај овие џамии, кои се исклучителни во секој поглед, во републиката постои и интензивно се гради голем број нивни помали „сестри“.
Древните планини се веројатно една од главните знаменитости на Чеченија во денешно време. Патникот, за волја на вистината, не се среќава веднаш со планинскиот амбиент. Градот Грозни и аеродромот се наоѓаат на голема рамнина која воопшто не личи на планински предел. На ова подрачје мошне е развиено земјоделството зашто климата е блага, а земјата е плодна, што им овозможува на локалните жители да одгледуваат стока и да се занимаваат со земјоделство. Тука зимите не се ладни, температурата ретко или на кратко време се спушта нешто под нулата.
Езерото Казенојам.
Ољга ВласоваМеѓутоа, само половина час возење со автомобил во насока на езерото Казенојам (на границата со Дагестан, исто така република од Северен Кавказ) започнуваат серпентините: планинската атмосфера ве обзема во целост. Патиштата се прилично добри, така што мојот нов кинески џип Exeed VX премногу лесно ги совладува кривините и нагорнините. Исто така, на многу места патот не е обележан, што е незгодно ноќе.
Древна кула
Exeed Press officeНа различни неочекувани места можете да наидете на осамени кули, градби кои инаку се карактеристични за подрачјето на Северен Кавказ.
Во тие кули некогаш одамна мажите можеле да се скријат доколку им се заканува опасност од крвна освета. Денес тие ги пленат патниците со својот моќен изглед и осаменост.
Мала дрвена колиба која воедно е и џамија, езеро Кезенојам.
Ољга ВласоваПланинскиот предел на Чеченија е прилично разновиден. За оние кои ја сакаат убавината на дивината тука има пусти карпи и живописни езера, а постојат и таканаречени влажни планини под шумите каде овците се искачуваат по речиси вертикалните смарагдни пасишта.
Езерото Казенојам.
Ољга ВласоваВременските пригоди назима прилично променливи. Оној ден кога се искачував на „влажните“ планини најпрво удри плисок и се направи вистинска „завеса“ од дожд, а кога се искачив уште повисоко дождот премина во веавица со нулта видливост. Само можев да замислам колку е убава глетката наоколу кога времето е ведро. По лошо време планинските патишта веднаш стануваат опасно тешки за возење. Поради тоа, доколку решите поблизу да ги запознаете убавините на Чеченија, изберете сепак потопло време во годината. И соодветен автомобил.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче