Историја пред нашите очи: Руската лизгачка Трусова постави рекорд на ОИ во Пекинг (ВИДЕО)

Александра Трусова, Пекинг, 17.02.2022.

Александра Трусова, Пекинг, 17.02.2022.

Александар Виљф/Sputnik
Првпат во историјата на најголемиот меѓународен турнир беа изведени пет четирискока! Рекордот го постави руската лизгачка Александра Трусова, позната како „руската ракетаˮ!

Шампионката го постави рекордот така што изведе пет четирискока во слободната програма на Олимписките игри во Пекинг.

Трусова по својот настап ја зазеде првата позиција во слободната програма со 177,13 поени, а на крајот на натпреварот го освои сребрениот медал.

Во кратката програма Трусова го зазеде четвртото место со 74,60 поени. Лизгачката падна при изведувањето на троен аксел.

Првото и второто место во кратката програма ги зазедоа Русинките Камила Валиева и Ана Шчербакова, освојувајќи 82,16 и 80,20 поени. 

Во вкупниот индивидуален пласман Александра Трусова го освои сребрениот медал на Олимпијадата 2022. Првото место го зазеде руската лизгачка Ана Шчербакова, а бронзата ѝ припадна на Каори Сакамото. Камила Валиева двапати падна во слободната програма и го зазеде четвртото место.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња