Руската „железна баба“ го прослави 100 роденден стоејќи 100 секунди на шајки

MOD Russia/Global Look Press
Ветеранката на Втората светска војна Марија Колтакова на 100 годишна возраст постави рекорд во стоење на шајки.

Ветеранот на Втората светска војна Марија Колтакова од Белгородската област го прослави својот 100 роденден. На својот јубилеј „железната баба“ постави нов рекорд, стоејќи 100 секунди на шајки, објави сајтот Bel.ru.

Учесничката во Курската битка е првата Русинка која на 100-годишна возраст успеала да помине 100 секунди стоејќи боса на шајки. Притоа Колтакова, како што се наведува, првпат застанала на шајки.

Достигнувањето на железната баба го забележа главниот уредник на Книгата на рекорди на Русија Станислав Коненко. Тој рече дека Колтакова имала намера да изведе и банџи-скок, но нејзините планови ги расипа ситуацијата со коронавирусот.

Марија Колтакова, и покрај годините, редовно поставува лични рекорди. На пример, во 2018 година таа изведе лет во аеротунел. Оваа долговечна жена исто така двапати скокаше со падобран, нуркаше со шише за воздух, леташе со змеј и со балон, беше навигатор во трки со џипови, учествуваше во картинг-трка. А во 2021 година оваа пензионерка се возеше во тенк Т-72 на воен полигон.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња