

„Не излегувајте на тенок мраз“ – секоја година припадниците на Министерството за вонредни ситуации ги предупредуваат граѓаните на Русија. Но, штом водените површини ќе се покријат со првите слоеви мраз, Русите веднаш излегуваат на замрзнатите реки и езера и тоа само за забава.

Најпопуларната и најомилена забава е лизгањето, при што многу луѓе претпочитаат природен мраз.
Покрај тоа, тоа се активности за сите возрасти.

Некои само шетааат и скијаат на мраз, што е особено популарно во Санкт Петербург.

Многумина рибарат низ отвори во мразот и организираат турнири во риболов на мраз.

Оние похрабрите избираат сноукајтинг на мраз.

Некои сакаат да трчаат на мраз и приредуваат цели маратони на замрзнатата вода. Секоја година, во трките на мраз само во Владивосток учествуваат илјадници луѓе.

Маратони на мраз се одржуваат и на Бајкалското езеро.

Тука се организираат и натпревари во хокеј.

Туристите на Бајкалското Езеро со задоволство ќе го пробаат коктелот „Бакнежот на Бајкал“. Тоа изгледа вака: прават мала дупка во мразот, истураат некој алкохолен пијалок во неа како вотка, коњак или шампањ, легнуваат на мразот и пијат, патем грицкајќи зимски бобинки.

А „моржовите“ кои се навикнати на студено веќе по навика ја отвораат сезоната на пливање во ледена вода.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче