Што е тоа „бакнежот на Бајкал“? (ФОТО)

@minina_l, @latto4ka
Замислете: неколку десетици туристи лежат на замрзнатата површина на најголемото езеро на светот и внимателно пијат нешто од него. Не, тоа не е вода. И да, постои разумно објаснување за тоа.

Руските туристи објавуваат необични фотографии на „Инстаграм“: лежејќи на бајкалскиот мраз, внимателно пијат нешто со сламка која излегува директно од мразот. Тоа што го прават се нарекува „бакнежот на Бајкалското езеро“.

Оваа забава ја смислија туристичките водичи во 2019 година, најпрвин за кинеските туристи, а потоа стана популарна и меѓу Русите. „Бакнежот“ се толкува како обред на посветување со кој станувате еден од „вљубениците во Бајкалското езеро“.

Најпрвин во мразот со помош на обичен акумулаторски одвртувач се прави отвор што потсетува на чашка за ракија.

Потоа тука се сипува алкохолен пијалак - вотка, коњак, шампањ, а понекогаш и вино или дури и јегер.

Туристот лежи на мразот и си ја пие својата чашка.

Според новиот обичај, коктелот треба да се пие без сламка, директно допирајќи го Бајкалското езеро со усните, но може да користите и сламка.

По „бакнежот“ обичај е да се изедат неколку бобинки брусница, кљуква или морошка, а понекогаш и резне лимон или мандарина.

„Беше забавно да се пие од вдлабнатина во мразот. На сите им се допадна, од водичот баравме да дупчи нови дупки. Два дена подоцна, веќе самите правевме дупки и подготвувавме бакнеж со Бајкалското езеро“, вели за овој ритуал Ксенија.

Друга туристка, Ана, вели дека „бакнежот“ ја окрепил.

„Толку ме наполни со у енергија што тоа ме држеше неколку дена. На Бајкалот го пронајдов мојот извор на енергија и тргнав на моето мало патување на самоспознавање. Никогаш не сум мислела дека ледените снегулки ќе остават таков белег во мојата душа и дека ќе се вљубам во мразот. Но, дури и само да го гледате бајкалскиот мраз, веќе чувствувате задоволство, па дури и смиреност“, вели Ана.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња