Моите пријатели мислеа дека сум чудна затоа што ги сакам деновите со -20°C и снег што се протега до каде што окото може да види. Потоа, неколку години по ред Москва немаше вистинска зима. Беа само месеци на тмурна лапавица и облачно небо, како некаква продолжена есен. Минувањето време надвор беше прилично депресивно искуство.
Затоа, кога минатата зима повторно имавме силен студ и блескав бел снег кој се задржа неколку месеци, моите пријатели одеднаш почнаа да го ценат она што отсекогаш сум го сметала за најубаво годишно време. Зошто вистинската, ледена, снежна руска зима е најдобра?
Не знам како е кај вас, но кога е жешко, се чувствувам премногу свенато за да работам било што. Кога надвор е околу нулата и владее тмурно сивило, и јас се чувствувам прилично зачмаено. Но, кога е -10/-15°C, излегувам надвор и се чувствувам толку витално. Овие температури прават крвта да ви тече побрзо. Навистина ви ги прочистуваат мислите и ви ги освежуваат белите дробови. На кожата на лицето чувствувате благо скокоткање, а образите ви стануваат црвени. Тоа е просто закрепнувачки.
Воробјови гори, Москва
Михаил Джапаридзе/TASSПред сè, Русите многу ги сакаат зимските спортови. А без вистинска зима тешко дека ќе се занимавате со нив. Се разбира, можете да одите на лизгање на мраз во затворена сала, но тоа го нема шармот и убавината на зимската вечер на прекрасните лизгалишта во паркот Горки или ВДНХ додека ситниот снег во воздухот создава атмосфера на магија. Секако, овие места се отворени и кога температурата е над нулата, но доживувањето тогаш е сосема поинакво.
А тука се и забавите кои не можат да се пренесат во затворен простор и за кои се потребни добар снег и температури под нулата: санкање, мавање со снежни топки, нордиско скијање и слично. Лично мој омилен зимски спорт е сноубордингот.
„Освојување на снежно гратче“ Василиј Суриков, 1891.
Русский музей / Public Domain/Getty ImagesРуската зима со многу снег и силен мраз стана еден од симболите на Русија. Словените одамна ја сакале зимата и тоа го изразиле во бројни пословици, изреки и гатанки. Кога ќе почнеме да ги губиме нашите студени и снежни зими поради климатските промени, губиме и дел од нашиот руски идентитет. Како што зимите стануваат поблаги, ризикуваме да изгубиме нешто суштински руско во нас.
Новогодишен панаѓур на Црвениот плоштад
Станислав Красильников/TASSПризнајте: една од најпријатните ситуации што можете да ја замислите е да седите завиткани во ќебе на каучот во слабо осветлена просторија со шолја топол чај или чаша вино и да читате книга додека надвор паѓа снег. Или пак да шетате на некој од многуте божиќни панаѓури во Москва со целото тоа прекрасно празнично осветлување, додека снегот ви крцка под нозете, а потоа застанувате покрај некој штанд и се греете со чаша варено вино - неверојатно пријатно и романтично! Да не зборуваме за викенд на село во друштво на саканата личност додека огнот потпукнува во печката после цел ден поминат на снег.
Белогорски манастир, Пермски крај
Legion MediaНе ме сфаќајте погрешно, уживам во топлите летни денови во Москва, бидејќи градот тогаш е толку буен, зелен и убав. Луѓето излегуваат од кафулињата на улиците и градот е преполн со живот! А руската природа лете е како на слика. Но, вистинскиот снежен зимски ден е многу повеќе од тоа: тој е вистинска бајка! Бајка која ги инспирираше најголемите руски писатели, поети, музичари, сликари и композитори.
Кога надвор е навистина студено, обично тоа ми е добар изговор да нарачам парче торта или богата чорба која инаку не би се осмелила да ја јадам. Имено, знам дека на прошетката до дома веројатно ќе потрошам двојно повеќе калории отколку што би потрошила доколку денот не е толку студен. А зиме храната во Русија е толку богата и вкусна што дефинитивно вреди да се опуштите малку.
Пред капење во реката Енисеј, Дивногорск.
Илья Наймушин/SputnikНе сум лекар, но можам да ви кажам дека, спротивно на популарното верување, многу е корисно за здравјето кога го поминувате времето надвор на студ (се разбира, хипотермијата не е добра за никого!). Веќе спомнав дека физичките вежби на отворено зиме трошат повеќе калории, ако ве интересира. Навистина студеното време исто така е помалку погодно за развој на сите видови бацили, а исто така нема полен, па затоа претставува олеснување за оние кои патат од алергии.
Можеби само мене ми се чини, но кога е навистина ладно можете да покажете повеќе креативност и генијалност во однос на облеката. Мислам дека лете најчесто ги носам истите шорцеви и неколку маички во лето. Како и пар слатки фустани! Но, кога температурите се далеку под нулата, можете да облечете неколку слоеви истовремено: еден за надвор, еден за внатре каде што не е многу топло и еден за внатре каде што работи познатото руско централно греење.
Кога ќе стане премногу топло, можете да соблечете сé што носите и често ни тоа не е доволно. А кога е ладно, доволно е да облечете уште еден пар чорапи или на глава да ја ставите омилената шубара и температурата повторно е сосем пријатна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче