„Огорчен сум. Вложив многу напори на подготовките во кампот и разочаран сум од самиот себе. Планот беше Фјодор да се држи на дистанца и во одреден момент да тргне со удари. Меѓутоа, на крајот во една размена на удари пропуштив многу. Ќе видиме што ќе биде понатаму. Фјодор е многу искусен борец и не е толку бавен како мене. Бев многу блиску да го дофатам со десна рака, но не успеа. Капата долу. Разочаран сум, но нема да очајувам, тоа се случува и во тешка категорија. Тргнав да разменувам удари и загубив, а тој погоди право во целта.
Дали Фјодор го има најтешкиот удар од сите мои ривали? Би рекол дека е најпрецизен. Да, невешто удирав, но сепак упатив неколку добри удари. Фјодор удира силно. Силно како камион. Меѓутоа, сите знаат кој е Фјодор и колку силно удира. Тој е експлозивен, а покрај тоа уште и прецизен. Ме удри директно во вилицата, таму каде што треба да удирате за да го исклучите противникот. Ми нанесе удар точно каде што сакаше“, изјави Џонсон во интервју за јутјуб-каналот „Ушатајка“.
Борбата меѓу Емелјаненко и Џонсон се одржа во саботата, 23 октомври, во рамките на турнирот „Bellator 269“ во Москва. 45-годишниот Русин го нокаутираше противникот уште во првата рунда и со тоа ја забележа 40-та победа во кариерата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче