Во Русија се планира намалување на даноците за странци

Николај Гингазов/Global Look Press
Министерството за финансии предложи да се изедначи висината на даночната стапка за граѓаните на Русија и странците кои прават бизнис во РФ.

Според предлогот на министерството, данокот на доход на физичките лица треба да биде ист за руските граѓани и странците кои не се даночни обврзници во Русија, пишува весникот „Ведомости“.

Иницијативата е одразена во „Основните насоки на буџетската, даночната и царинската политика за 2022-2024 година“. Во документот станува збор за воведување на висина на персоналниот данок на доход за заработка остварена „со работна дејност“ за странци кои не се даночни обврзници на Руската Федерација и таа висина би требала да биде иста како и за даночните обврзници.

Не се споменуваат други видови даноци, вклучително и данок на доход од инвестиции. Министерството за финансии ја претстави оваа идеја за прв пат во 2019 година. Минатата година беше подготвен соодветен нацрт-закон, но тој не отиде подалеку од јавна расправа.

Важечките закони предвидуваат стапка на персонален данок на доход од 13% за руските даночни обврзници и 30% за странци, независно од видот и изворот на приход. Ако годишниот приход на даночниот обврзник е поголем од пет милиони рубли, тогаш сé што е над наведениот износ се оданочува по стапка од 15%.

Во случај приходот да е остварен во земја која има договор со Русија за избегнување на двојно оданочување, стапката може да биде пониска, т.е. може да биде еднаква на разликата помеѓу данокот што треба да се плати во Русија и данокот што фактички е уплатен во земјата во која е остварен приходот.

За да може некој да добие статус на даночен обврзник во Русија, мора да се наоѓа на нејзина територија најмалку 183 дена во текот на последната година.

Економистите до кои се обрати весникот „Ведомости“ истакнуваат дека намалувањето на стапката на персонален данок на доход за странците кои не се даночни обврзници може да се одрази позитивно врз деловната клима во Русија и дека тоа ќе биде поволно за мобилните работници кои редовно одат во странство и поминуваат многу време таму, како и за компаниите кои ги ангажираат.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња